Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на Алсат Телевизија истакна дека ако власта сакала и очекувала дека министерот за внатрешни работи ќе употреби сила против граѓаните тоа нема да го дочекаат.
- Ние сме една од малкуте држави во Европа кадешто власта ја обвинува опозицијата. Комисијата за заразни болести изгуби целосен кредибилитет, бараме оставка и да се формира експертска комисија. Во однос на Чулев, мислам дека во рамки на она што е можно, се справува најдобро можно, а ако СДСМ очекуваше дека треба да тепа луѓе или да употребува водени топови на некои собири, тоа нема да го видат од ВМРО-ДПМНЕ, а претпоставувам ќе беа многу среќни да го направеше тоа, бидејќи тогаш ќе го обвинеа за прекумерно полициско насилство, вели Николоски.