Ако продолжи овој ПР пристап во наводната борба против пандемијата а не се пристапи сериозно, за жал, ќе имаме уште поголеми бројки на новоинфицирани граѓани со коронавирус, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неговото гостување во емисијата „360“ на Алсат Телевизија.
- Ако работниот ден на Филипче почнува со двочасовна посета на една позната ПР куќа во Скопје, па после тоа краток состанок со комисијата на која што се штимаат прес-конференциите во зависност од тоа како и одговара на власта, па оди со прес-конференција па оди со уште пет сликања и му завршува работниот ден, апсолутно не може да се очекува да имаме бројки различни од овие кои што се денеска, истакна Николоски.
Николоски додава и дека покрај Филипче пола од функционерите се занимаваат со несуштински прес-конференции на кои по четири пати се повторуваат исти работи, а другата половина со тоа како да се спакуваат пакети за изборен поткуп нормално е дека Македонија за жал ќе има најцрна статистика од сите земји во регионот.
- Ако има посветеност, работа и јасно лоцирање на проблеми наместо времето и активностите да ги насочуваат на тоа повеќе пакети да спакуваат и да ги поделат за поткуп, може да се очекува стабилизиција на состојбата. За жал, на сите нас ни го доведуваат здравјето во ризик, само за да ќарат ситни дневнополитички поени. Помалце посета и трошење на пари на ПР агенции а многу повеќе работа, ќе дадат ефекти, истакна Николоски.