На 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие (28/29 мај) на територијата на државата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата извршила контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е евидентирано дека едно лице на ја почитувало мерката за самоизолација.

– Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 440 прекршоци, информира МВР.


Администратор
29/05/2020 12:56