САД синоќа одобрија продажба на 84 ракети Патриот на Кувајт, во висина од околу 1,4 милијарди долари.

– Продажбата ќе придонесе за зголемена безбедност на главниот сојузник, кој не е член на НАТО и е важен фактор на политичката стабилност и економски напредок на Блиски Исток, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Исто така се посочува дека ракетите Патриот ПАЦ-3 „ќе ја зголемат способноста на Кувајт да одговори на актуелните и идни закани и да ја гарантира безбедноста на својата нафтена и гасна инфраструктура“, алудирајќи на нападите врз саудиските нафтени постројки во септември 2019 година, за што Вашингтон го обвини Иран.

Вредноста на договорот за 84 пресретнувачки ракети и опрема, произведени од американската воена групација „Локхед Мартин“ се проценува на 900 милиони. Додека за одржување, обука и техничка помош, што ќе биде обезбедена од „Локхед Мартин“ и производителот на воена опрема „Рајтеон“ предвидени се 425 милиони долари.

Договорот предвидува и поправка и враќање на старата опрема, за што „Локхед Мартин“ и „Рајтеон“ ќе добијат 200 милиони долари.


Администратор
29/05/2020 11:55