Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди“ денеска во 18:00 часот ќе одржи онлајн предавање на тема „Чекори во процесот на јавното застапување“.

– Што е застапување? Зошто служи јавното застапување и што може да се постигне со ефективно застапување? Кој е процесот на јавно застапување? Во ова предавање ќе имате можност подобро да се запознаете со значењето на поимот јавно застапување, за што служи јавното застапување и каде се може да се применува. Воедно, преку интерактивен пристап и практични примери ќе имате можност да ги сознаете алатките и чекорите за ефективно планирање на јавно застапување, наведоа од „Лулуди“.

Предавањето ќе го спроведе Силхан Саитов, кој е искусен проектен менаџер во граѓанскиот сектор, кој испорачал неколку работилници од областа на застапување на Медицинскиот камп за застапување и долгогодишен учесник во општествени случувања поврзани со ромската заедница.

– За да го проследите предавањето потребно е претходно да се регистрирате со пополнување на краткиот прашалник на следниот линк: https://forms.gle/M6Y2qQS7J7ygsBxq7. По пополнување на формуларот за регистрација, ќе добиете повратен мејл на денот на предавањето со линк до предавањето. Регистрирањето за онлајн предавањето е отворено за сите и можете да го споделите и со други, образложија од Асоцијацијата.


Администратор
29/05/2020 10:56