Претседателот на САД, Доналд Трамп, се подготвува да потпише претседателски указ насочен кон ограничување на заштитата од одговорност на социјалните мрежи,јавија американски медиуми.

Твитер пред два дена ги повика корисниците да проверат дали објавите на претседателот се засноваат на факти.

Најавената претседателска уредба ќе ги задолжи извршните институции, вклучително и Федералната комисија за комуникации и Федералната комисија за трговија, да испитаат дали на компаниите кои поседуваат социјални мрежи можат да им се воведат нови деловни правила.

Експерти од таа област изразуваат сомнежи дека било што од тоа е можно без одобрување од Конгресот.


Администратор
29/05/2020 02:41