Професорот Љубомир Фрчкоски и адвокатот Александар Тортевски гостуваа во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21.

Тие двајцата ги нарекоа протоколите за угостителските објекти идиотски и дискриминиторски.

„Не знам кому му текнало така. Да седат на иста маса само луѓе од фамилијата. Што правиме ако брачните парови имаат различно презиме? Така да сметам дека ова е дискириминаторски и треба веднаш Владата да го повлече“, смета Фрчкоски.

„Се согласувам дека е идиотска одлука, како мали Ѓокица да ги пишувал“, рече Тортевски.


Администратор
29/05/2020 02:04