По повод десетoто јубилејно издание на скопскиот летен фестивал „Здраво млади“, на 27 август во паркот на Младинскиот културен центар ќе се одржи 12-часовно забавување со најновото од алтернативната музичка сцена.

Како што соопшти МКЦ, на фестивалот е најавено гостување на Efterklang, Lalalar, Viagra Boys, Shopping..Третиот најавен бенд се Viagra Boys од Шведска.

-Будно ја следиме целата ситуација со коронавирусот, но оптимизмот за јубилејниот „Здраво млади“ преовладува! За ова десетто јубилејно издание на фестивалот досега се најавени: данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang, свежата психоделија од Истанбул – Lalalar. Со своите ретро-филмски бас-линии, електронски ритмови, расклопени вокали, флертувачки гитари и внимателно ископани примероци од наследството на Анадолија, бендот евоцира идна носталгија, соопшти МКЦ.

Фестивалот е поддржан од Europe House Skopje.

Early bird билетите, како што се наведува во соопштението, се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.


Администратор
26/05/2020 14:06