Генералниот директор на кошаркарската „Куќа на славните“ Џон Делова изјави за „Бостон глобус“ дека церемонијата за влез на Коби Брајант закажана за 29-31 август може да биде одложена поради пандемијата на коронавирус. Одлука за ова прашање се планира да се донесе оваа недела.

Датумот на резервен термин за тридневниот настан е 9-11 октомври. Сепак, Делова не го исклучува преместувањето на церемонијата до следната пролет.

Брајант почина во хеликоптерска несреќа со својата 13-годишна ќерка и седум други лица во јануари годинава. Коби играше во Лос Анџелес Лејкерс 20 години и важи за еден од најдобрите играчи во историјата на НБА.

На 4 април беше објавено дека Брајант ќе биде вклучен во „Куќата на славните“ постхумно и една година пред предвиденото.

Според правилата, кошаркарите ја добиваат оваа чест не порано од пет години по завршувањето на кариерата. Коби ги заврши своите настапи во 2016 година.

Обично, церемонијата се одржува во „Симфониската сала“ во Масачусетс, која има капацитет од 2.611 лица и се наоѓа во Спрингфилд веднаш до „Музејот за кошарка“. Но, сега настанот е решено да се пресели во „Мас центер Спрингфилд“, каде има повеќе можности за физичка дистанца. Сепак, овие мерки можеби не се доволни за безбедно одржување на настанот.


Администратор
26/05/2020 13:41