Американската CableTV.com спроведе истражување во сите 50 американски сојузни држави, за тоа кои серии Американците најмногу ги гледале додека биле во карантин поради новиот коронавирус.

Резултатите покажале дека „Пријатели“ е најгледната серија во САД за време на пандемијата на Ковид-19. Серијата за шестмината неразделни пријатели е популарна во 11 сојузни држави, меѓу кои се Калифорнија, Тексас, Флорида, Њујорк, Охајо и други.

На второ место се наоѓа серијата „Рик и Морти“, која е најмногу гледана на Алјаска, во Аризона, Колорадо, Невада. Оваа анимирана серија моментно ја промовира и прикажува својата четврта сезона.

Меѓу сериите кои со задоволство се гледани во САД се и „Греј’с анатоми“, „Ред и закон“, „Брејкинг бед“, „Ѕвездени патеки“ и други.


Администратор
25/05/2020 12:18