Дали константно гледате серии за време на изолацијата? Не се секирајте, не сте единствени… Но што е тоа што не тера прекумерно да гедаме серии како што е „Крал на тигрите“? И дали е тоа проблем или може да биде добро за нас?

Дали ја изгледавте во еден здив серијата „Крал на тигрите“ на Нетфликс? Жртвувавте неопходен сон само за да дознаете „кој е убиецот” во вашиот омилен криминална приказна? Седевте цел ден на каучот, без да се движите, целосно навлечени на најновата серија што мора да се погледне и за која зборуваат сите? Не сте сами, особено сега, кога милиони од нас ширум светот се во изолација поради пандемијата на Ковид-19.

Телевизиските стриминг гиганти добиваат нови претплатници во рекордни броеви – поточно, Нетфликс доби само 16 милиони од нив само во првиот квартал на 2020 година.

А прекумерното гледање серии беше популарно и пред ова. На пример, во Велика Британија, половина од населението признава дека прекумерно гледа серии и до осум часа, според анкетата спроведена од Радио Тајмс.

Ако ова ви звучи познато, може да се чувствувате виновни за таквото претерување. Ако е така, продолжете да читате, може да се чувствувате малку подобро во врска со навиката за прекумерно гледање серии.

Суптилни трикови за да ве привлечат

Прекумерното гледање серии не е само ваша вина. Многу од нашите омилени платформи за стриминг користат суптилни техники за намерно да не задржат да продолжиме да гледаме серија. – Многу лесно можам да изгледам цела серија во еден ден, признава телевизискиот критичар и водител Скот Брајан.

Но Брајан истакна дека „бинџањето“ серии започнало сосема случајно и првично било по иницијатива на потрошувачите.

„Нетфликс сфати дека голем број луѓе гравитираат кон гледање серии во едно парче, без разлика дали е серија што ги гледале досега, како што се „Пријатели“… Начините на кои Нетфликс се обидува да ве поттикне да гледате, се уште се многу суптилни и тие користат најразлични со мали трикови “.

„Тие знаат многу брзо откако ќе започне да се емитува некоја серија, кој тамбнејл функционира и зошто. Исто така по завршувањето на епизодата веднаш добивате шпица, се смалува во аголот на екранот и автоматски започнува со емитување на следната епизода. “

Па така некогаш сте навлечени да гледате серија и по три ипол часа, без да забележите.

Смислени за бинџање

Дали знаевте дека големите компании кои прикажуваат ТВ содржини, всушност, ги дизајнираат своите програми за да се бинџаат, односно да се одгледаат во еден здив?

Скот вели дека Нетфликс се истакнува во тоа затоа што тие „навистина експериментираат со бројот на ликовите и бројот на линиите со приказни.

Скот како пример ја наведува оригиналната серија на Нетфликс „Портокаловата е новата црна“ Тие знаат дека никогаш нема да започнете да гледате од пола, секогаш ќе започнете од почеток… па затоа има околу четириесет ликови.

Може да го имате тоа ниво на длабочина на приказна во текот на осумчасовната серија, повеќе отколку што инаку би имало ако се подели на осум 60 минути парчиња на линеарен телевизиски канал.

Да, има и маани

Некои експерти сугерираат дека гледањето премногу телевизија предизвикува вознемиреност и ја интензивира депресијата. Во 2016 година, научниците од Јапонија отидоа дури дотаму да тврдат дека може да ве убие, тврдејќи дека седењето долго време може да доведе до згрутчување на крвта.

Психотерапевтот д-р Хамира Риаз вели дека гледањето епизоди едеа по друга може да влијае на вашиот нервен систем, што може негативно да влијае на вашиот сон.

„Бинџањето значи да се ангажирате во поголема мерка на подолг временски период. Затоа ви треба повеќе време за да се оладите од тоа“, истакна Риаз.

Понатаму, експлицитна содржина, како што е бруталното убиство – особено ако тоа подразбира страдање на вашиот омилен лик – „може да го активира симпатичниот нервен систем“, што, заклучува Риаз, „не е соодветно за добар ноќен сон“.

Но, “љубовниот хормон“ прави да се чувствуваме добро

Тогаш, зошто продолжуваме да се враќаме повеќе, одново и одново? Кога се идентификуваме со лик, тоа доведува до лачење на љубовен хормон окситоцин, што доведува до приврзаност кон него“, објаснува д-р Риаз. Денес има толку многу содржини што сигурно ќе најдете барем една во телевизиска или филмска серија со која можете да одите заедно на едно патување

Може да помогне во подобрување на нашите врски

Па, сега можеби ова ви звучи чудно, но само продолжете да читате. Да го земеме за пример „Љубовен остров“ – многу популарна серија во Велика Британија, за млади, убави и слободни кои се обидуваат да го пронајдат „вистинскиот“ или „вистинската“ додека минуваат низ разни тестови.

Откако серијата започна да се емитува во 2019 година, имаше скок од 41 процент во бројот на парови кои отидоа на советување во Велика Британија. Д-р Риаз мисли дека има нешто на тоа.

„Ако најдеме време да гледаме серија од почеток до крај, ние потенцијално создаваме часови и часови простор за да работиме на нашите емоции и врски“, вели таа.

Многу луѓе имаат силни емотивни реакции на сериите од кои се зависни, особено ако се случи нешто шокантно со нивниот омилен лик.

„Нашиот мозок не прави разлика помеѓу вистинскиот ангажман и ангажманот за време на имагинарни настани“, објаснува д-р Риаз.

И ние сакаме да бидеме дел од јавниот дискурс

Друга голема причина за бинџање серии е ФОМО (страв од пропуштање), особено за време на изолацијата, кога има многу малку работи да се прават. „ За еден ден, гледав десет часа телевизија, која дури не ми се допаѓаше“, признава Брајан Лобел, креатор на интерактивната сликарска изложба „Бинџ “.

„Прекумерно гледаме серии само за да бидеме дел од јавниот разговор“, вели Лобел.

„Мислам дека се чувствуваме анксиозни, дека оваа содржина ќе се акумулира, што ги тера луѓето константно да гледаат уште повеќе“, додава тој.

Ни треба „непродуктивно време“ (затоа, не дозволувајте да ве гризе вашата совест)

„Прекумерното гледање серии е нешто што има многу негативни конотации, зар не?“ ,вели Брајан. „Забележав дека на луѓето им е срам поради тоа што толку многу гледаат телевизија“ , додава тој. „Ужасно се срамиме затоа што не сме продуктивни, го земаме слободното време и велиме, ‘Јас всушност гледав шест часа телевизија денеска затоа што не ми беше потребно да гледам во пет различни табови на работниот компјутер, само морав да …престанам“, истакна Брајан.

Значи, ако сте еден од милиони луѓе кои се подготвуваат да изгледаат целата серија веднаш откако ќе го прочитаат ова, тогаш Брајан ве уверува дека не треба да се чувствувате виновни.

„Ние не велиме: Претерав со читање книга“. Но реалноста е дека некои од најдобрите писатели на денешницата, пишуваат за телевизија.

„Јас би бил последната личност на светот што ќе ве советувам да престанете прекумерно да гледате серии“, вели тој со насмевка на лицето.

И сега, ако веќе го правите тоа, можете да уживате во секоја минута… час… ден кога ќе се посветите на тоа. Уживајте!

Би Би Си – Лондон


Администратор
24/05/2020 10:14