Напаѓачот Антоан Гризман ќе остане во Барселона, објави „Мундо Депортиво“.

Каталонскиот клуб нема намера ниту да разговара за продажбата на францускиот фудбалер.

Претходно, имаше информации дека премиерлигашите Челзи и Њукасл се интересирале за Гриезман.

Исто така беше објавено дека играчот може да биде вклучен во договорот за евентуално враќање на Нејмар од ПСЖ.


Администратор
23/05/2020 00:15