Наместо одговори за граѓаните кој, кога и како може да добие платежни картички од 6 плус 3.000 денари за купување на домашни производи и ваучери за туризам од 6.000 денари, министрите за финансии и економија, Ангеловска и Бектеши со напад кон новинарите – констатираа нетрпеливост и притисоци во прашањата дури и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања.

Наметнавте многу прашања меѓу кои што дел од голем дел од прашањата имаат една доза на нетрпеливост – рече Ангелоска

Ме чуди фактот што новинарка како Александра што имаат големо искуство и многу многу добро знаат за економијата и за процедурите како се донесуваат мерки било тоа со уредба со законска сила било тоа како се донесува програма да направи вакви прашања – рече Бектеши

Вака реагираме затоа што до сега имаме стотици граѓани кои што се јавиле во нашите редакци во услови кога два пати слушаме ист прес со најавени мерки без конкретни податоци. Ние очекуваме да изработите уредба и да кажете таа и таа уредба ќе важи за тие и тие и ги повикуваме граѓаните да аплицираат. А сега ние немаме уредба не знаеме ни кој граѓани ќе ги исполнат условите и викате ги повикуваме граѓаните да алицираат, истакна новинарката од Телевизија Телма.

И по втор обид конкретни одговори немаше, освен дека институциите напорно работат.

Целиот текст може да се прочита на интернет страната на Телевизија Телма