Астероид со пречник од два километра денеска ќе мине на 6,2 милиони километри од Земјата. Но, американската Национална воздухопловно-вселенска агенција НАСА напомна дека тоа не е закана по нашата планета.

„Астероидот 1998-ОР2 не претставува опасност за планетата Земја, но можеме многу да научиме проучувајќи го”, се вели во објава на НАСА на Фејсбук.

Научниците ќе го набљудуваат астероидот, сосредоточувајќи се на неговата орбита.

Најблиското растојание од Земјата – 6,2 милиони километри, е околу 16 пати поголемо од оддалеченоста на Месечината од планетата. Тоа е, сепак, релативно блиску за така големо вселенско тело, што им овозможува на научниците да го набљудуваат за истражувачки цели.


Администратор
29/04/2020 13:26