Во изминатите 24 часа во Грција е потврден 71 нов случај на Ковид-19, а починаа уште три лица, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата е 1.955, а бројот на починати 86 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти професорот епидемиолог Сотирис Циодрас на денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, од потврдените случаи, 57 отсто мажи, а најголемиот дел (45 проценти) се на возраст меѓу 40 и 64 години. Тројца од десет заразени е од 18 до 39 години, 21 отсто е на над 65 годишна возраст, а деца до 17 години се нешто помалку од три отсто.

Од хоспитализираните, 79 се приклучени на апарати, а од нив 77 отсто има некои здравствени проблеми или е на возраст од над 70 години.

Во однос на починатите, нивната просечна возраст е 73 години, а од 86 лица 23 се жени.

До сега, во Грција, анализирани се 33.634 примероци.


Администратор
10/04/2020 00:34