Една од непосредните последици од санкциите против Хуавеи е желбата на компанијата да најде алтернатива за сите можни компоненти од американските производители.

Информациите за „Дигитајмс“ сега укажуваат дека Кинезите сакаат да ја намалат нивната зависност од модемите Куалком, со потенцијални алтернативи за 5Г решенијата да бидат Самсунг и МедиаТек за уреди од среден и низок опсег.

Подружницата за развој и производство на чипови на Хуавеи – ХајСиликон сега има два 5Г модема во своето портфолио – Балонг 5Г01 и 5000. Вториот беше воведен минатата година и е насочен кон модели од висока класа. Самсунг, исто така, во моментов има два 5Г модема – Ексинос модем 5100 и 5123. И двата се користат кај уредите од топ-класа со Ексинос 9820, 9825 и 990 чипови.

При објавените вчера Галакси A51 5Г и A71 5Г, кои се позиционирани во средната класа, компанијата користи чипсет Ексинос 980 со вграден 5Г модем.

Сепак, сè уште не е јасно за кој производител ќе се определи Хуавеи и конкретно кој модем ќе го користи, но овие надворешни решенија ќе бидат насочени кон паметните телефони позиционирани во нискиот и средниот опсег.


Администратор
09/04/2020 23:06