Тетовските пожарникари спречија поголем пожар да се прошири во објект на ланецот маркети „Кипер“ во Пршовце. Повредени нема, причинета е материјална штета.

– Со нашата интервенција изгаснат е огнот што го зафати делот од објектот кај влезот и изложните прозорци на маркетот „Кипер“ во Пршовце. Повредени нема, само материјална штета, изјави командантот на тетовската Противпожарна бригада Ука Алити.

Пожарот избувнал околу 11.30 часот, а тетовската Противпожарна бригада интервенирала со три возила и девет пожарникари.


Администратор
09/04/2020 01:20