Врз основа на договрените мерки на Општинскиот Оперативен штаб, денеска попладне во Дебар почна да се спроведува втора дезинфекција на јавните и прометни површини, колективни станбени згради и објекти на институции. Како и претходниот пат, ќе се врши дезинфекција на сите јавни и прометни површини, контејнери, канти и корпи за отпад низ градот и населените места.

– Повторно ќе ги дезинфицираме и спортските игралишта и терени, како и паркот во населбата Венец каде има детски реквизити. Оваа активност ќе ја вршат нашите вработени, додека дезинфекцијата во скалилата на колективните стамбени згради и влезовите вработените од Територијатална противпожарна единица, изјави Омер Цами, раководител на раководител на секторот за комунална хигиена при Јавното комунално претприијатие „Стандард“.

Цами кој е дел од Оператвнот штаб, вели дека дебарските комуналци редовно го подигаат и отпадот и апелира до граѓаните да бидат посовесни и отпадот да го фрлаат во определените места за тоа. Додава дека поради дождот а потоа и снегот, кој беше присутен во градот, од синоќа, со чиста вода и соодветно средство, се мијат главната и пофрекфентните улици во градот.

По завршување на дезинфекцијата на градот, ќе се продолжи со дезинфекција на селските населени места.

Со подобрување на временските услови, дезинфекција на јавни површини, спортски терени и објкети е во тек и во подрачјето на Маврово. Како што велат од Кризниот штаб на општина Маврово и Ростуше, преходно ваква активнст е реализирана во сите населени места во подрачјето на Река.


Администратор
09/04/2020 01:20