Се повторува ли сценариото заради кое минатата недела директорката на Охридската болница беше разрешена? Уште еден пациент со симптоми на корона, повторно од Лабуништа, не бил примен во инфективното одделение на Охридската болница. Немилата случка била во вторникот.
Пациентот со часови чекал во болничко возило за да го примат внатре. Со него биле и членови на семејството.
Случајот го потврди за Алфа телевизија и директорот на струшката болница, од каде, откако пациентот бил уредно прегледан, веднаш бил испратен во Охрид.
-Апелирам 59-годишниот пациент од Лабуништа 59 годишниот од вчера, да е последен случај и да немаме веќе проблеми. Да знаеме насоките како и каде треба да се праќаат пациентите бидејќи насока наша добиена е тие пацинети да е праќаат на инфективен оддел во општа болница Охрид.Пациентот чекал околу 2 часа пред влезот на одделенот инфективен во општа болница Охрид, рече директорот на струшката болница Мухамед Асани.
Минатата недела 66 - годишна пациентка од Татеши почина дома откако повеќе од 3 часа беше оставена со симптоми ма КОВИД 19 пред охридската болница, оти директорката не сакаше да ја прими. ОЈО го истражува случајот од Татеши, а директорката беше разрешена.