На подрачјето на СВР Велес во кое се вклучени општините Велес, Кавадарци и Неготино, синоќа тројца кавадарчани не го почитивале полицискиот час. Против нив СВР Велес ќе превземе санкции.

Заклучно со денеска, на истото подрачје 46 лица се во самоизолација под контрола на полицијата, што е за девет повеќе од вчерашната бројка. Од нив најголем број 26 лица се во Велес, следат Неготино и Кавадарци со по 10 лица во самоизолација.


Администратор
08/04/2020 13:52