Повеќе од педесeт семејства, кои се во најнеповолна социо-економска состојба од админстративните единици Требиште и Острени од Голо Брдо, добија помош во прехранбени артикли, брашно и средства за одржување на хигена.

-Станува збор за помош по иницијатива на Лефтер Ала, градоначалникот на Булќиза, каде што територијално припаѓаме. Ја донираа фирмите „AFAlbaniaGroup“ „Дрини“ и „Герти“. Опфатени се педесеттина семејства во двете админстративни единици, кои се во социјален ризик. Помошта е распределена според списокот што го подготвивме ние, а во неа беа вклучени вработени на општина Булќиза,се разбира со наша помош, изјави за МИА, Едмонд Османи, администратор на Требиште.

Во Требиште помошта е распредела завчера, а во Острени денеска откако патиштата беа пробени од снегот што вчера ги завеа селата од областа.

Османи додаде дека според одлуката на албанската Влада, кориснициите на социјална помош а ги има над 200, за месец март и следните два месеца, ќе добиваат двојно поголем износ, кој до сега се движел од 50 евра па нагоре, во зависност од бројот на членови на домаќинство.

Корисниците на социјална помош, како и семејствата кои се нашле во потреба, поради состојбата со коронавриусот ќе бидат опфатени и со хуманитарната помош што ја распределува Владата.

Административната единица Требиште опфаќа шест, додека Острени дванаесет села, населени со Македонци.


Администратор
03/04/2020 01:55