Општинскиот кризен штаб Куманово на денешната седница побара целосна изолација на Куманово, го задолжи „Чистота и Зеленило” да одбележи линии со растојаните од два метри пред банките, апелираше до кумановци да се придржуваат до препораките на надлежните.

– Бараме од Владата на Македонија целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот, се вели во соопштенито на Штабот.

Штабот го задолжи Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило” во најбрзо време да одбележи жолти линии со растојание меѓу нив од два метри пред сите банки и пошти. Оттаму апелираа до граѓаните да се придржуваат согласно препораките на Министерство за здраство и Владата, да се однесуваат одговорно кон себе и кон другите околу нив.