Конфедерацијата на слободни синдикати и Македонското здружение за заштита при работа денеска испратиле предлог до Владата деновите од 4 до 20 април да бидат неработни.

Причината за ваквиот предлог, како што наведуваат во денешното соопштение, се предвидувањата дека пикот на пандемијата ќе биде кон средината на април, а во тој период има големи верски празници како што е Католички Велигден на 12 април, Православниот Велигден на 19 април. – Оттука претпоставките се дека заразата може да се рашири многу повеќе од очекуваното, велат од КСС.

Платите за дневници за вработените во тој период би биле на товар на Владата, а фирмите што се уште се ликвидни тој товар би го понеле сами во знак на солидарност.

– До овој момент поддршка на платформата дадоа: Унијата на незавнисни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ), Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ), Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Хелсиншки комитет за човекови права, а воедно најавија и повеќе невладини организации и граѓански здруженија од кои некои во моментот остваруваат и тековни состаноци и ќе се произнесат подоцна, се наведува во соопштението.

Предлагаат Владата да апелира до верските заедници да упатат повик до граѓаните претстојните верски празници да ги поминат во домашна атмосфера со своите семејства.


Администратор
02/04/2020 18:26