[photo]

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, во следните два месеци ќе отстапи половина од нејзината плата за специјалната сметка намената за борбата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

-Претседателката на државата, госпоѓата Катерина Сакеларопу, оценувајќи ја тешката економска состојба во која се најде земјата заради пандемијата на коронавирусот, како минимален знак на солидарност, одлучи во следните два месеци да достави половина од нејзината плата на специјалната сметка, соопштија од претседателската палата.


Претходно, како што веќе објави МИА, грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис ги повикува пратениците од Нова демократија и министрите и замениците -министри во следните два месеци да достават 50 отсто од нивните плати за борбата со коронавирусот, за што ќе биде отворена и специјална сметка наменета за Ковид-19.


Администратор
30/03/2020 21:43