Дел од претставите на репертоарот на Театарот за деца и младинци ќе се прикажува секоја недела од 12 часот на МРТВ.

Претставата „Убавицата и ѕверот“ веќе беше прикажана на 22 март, а ќе се прикажуваат и „Македонска приказна“, „Дванаесетте месеци“, „Алиса во земјата на чудата“, „Девојчето со кибритчиња“, „Зрното грашок и принцезата“, „Цветна улица“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Оливер Твист“ и „Волшебната флејта“.

– На овој начин сакаме да придонесеме во дружeњето со нашата верна публика, додека седиме дома, велат од Театарот за деца и младинци.


Администратор
26/03/2020 22:55