„Бата прес“ на македонски јазик го објави романот „Единственото сеќавање на Флора Бенкс“ од британската авторка Емили Бар. Романот од англиски го преведе Ацо Пероски, а неговото објавување е поддржано од Европската Унија и Министерството за култура во рамки на проектот „Креативна Европа“.

– Станува збор за бестселер за млади, психолошки трилер, кој набргу по објавувањето ја освои читателската публика во Велика Британија, другите европски земји, американскиот континент и Австралија. Во книгата е раскажана несекојдневна љубовна и животна приказна која мотивира на упорна борба, а возбудливиот начин на кој е напишана не го остава читателот ниту за миг, соопшти „Бата прес“.

Авторката Емили Бар работела како новинарка за весникот „Гардијан“ во Лондон. Досега има објавено 12 романи за кои добила и голем број книжевни награди и признанија. „Единственото сеќавање на Флора Бенкс“, објавен во 2017, е нејзин прв роман за млади.


Администратор
26/03/2020 12:43