На денешната седница на Влада е усвоена и Уредба со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба, како мерка за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување и ширење коронавирусот.

Се предлага намалување на каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки, така што се предлага да се пресметува и наплатува камата во висина од 0,015 отсто за секој ден задоцнување, наместо 0,03 проценти како што уредува Законот.

Исто така, се уредува дека Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни годинава.


Администратор
25/03/2020 23:22