Филипче рече дека на Инфективната клиника пред два дена се направени и контролни тестови на четворица пациенти кои долго време се лекуваат таму и оти тие се негативни. Од четворицата, додаде министерот, тројца се во значајно добра состојба и кај сите ќе биде земен контролен брис во текот на следниот ден. Ако тој биде негативен, според Филипче, тројцата ќе се упатат на домашно лекување.
-Нивната состојба постепено се подобруваше и согласно сегашните наоди на белите дробови, клиничкиот статус, согласно тестовите исклучително се мали шансите во оваа фаза на лекување да дојде до компликација или влошување, рече министерот за здравство.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица