Докторот по општа медицина, Ненад Лазаров, по одговорите на прашањата на министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук профил апелираше институциите, особено здравствените да бидат координирани во ситуација во која се наоѓа нашата земја.

- Министерство за здравство вели специјализантите да се повлечат во матичните институции, Медицински факултет вели да останат на клиниките каде специјализираат. Апелирам да се синхронизираат институциите веднаш!, реагираше Лазаров.