Доделувањето на најнепосакуваните филмски награди во светот „Златна малина“ беше откажано вчера, само неколку часа пред почеток на церемонијата.

– „Златна малина“ мораше да биде откажана, поради тоа што во Лос Анџелес се затворени сите големи сали каде можат да се соберат повеќе од 50 лица. Без сала не можеме да го спроведеме доделувањето на наградите, изјави основачот на наградите Џон Вилсон.

„Златна малина“ е филмска награда што се доделува во неколку категории: најлош филм, најлош актер, најлоша оригинална песна, најлош режисер…

Оваа година за најлоши филмови се номинирани мјузиклот „Мачки“, комедијата „Погреб на семејството Мадеа“ и „Рамбо: До последната капка крв“.

Најмногу номинации има „Мачки“, дури девет, вклучувајќи ја и наградата за најлош филм, а за најлоши глумци се номинирани Силвестер Сталоне и Џон Траволта.

На големо изненадување на многу луѓе, номиниран е и филмот „Џокер“, добитник на Оскар. Номиниран е во категоријата за најлошо безобразно непочитување на човечкиот живот и јавната сопственост.


Администратор
16/03/2020 15:07