Нема некаков ризик дека нема респираторни машини. Имаме осум од нив, и до сега, историски гледано наназад, тука се приклучени граѓани кои имале компликации од сезонскиот грип кој кај нас, е добро што полека бројката опаѓа, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче во интервју за НОВА ТВ.

-Ние добивме задолжение од Владата да добиеме дополнителна количина на опрема што веќе го почнавме како постапка, 50 дополнителни машини да стигнат наредната недела и уште 50, евентуално ако се согласно сегашната проценка, согласно сегашната инфраструктура како што е поставена, рече Филипче

Информираше дека има место каде да се постават респираторните машини и дека има и експерти коишто може да манипулираат, ракуваат со тие апарати.

-Направивме и еден план, дополнителна бројка на доктори од други специјалности, ако имаат искуство со такви машини, да бидат активирани, тука пред се мислам на анестезиолозите од Клиниката за анестезија, од Клиниката од неврохирургија, појасни Филипче.


Администратор
14/03/2020 00:17