Кувајт забранува впловување на сите бродови што доаѓаат од Иран „до понатамошно известување“ поради новиот коронавирус, според пристанишните власти.

„Таа одлука е дел од претпазливите мерки преземени за да се спречи ширењето на новиот коронавирус во државата“, вели шефот на пристанишните власти, Јусеф Абдула, пренесува државната новинска агенција КУНА.

Кувајт ги евакуираше своите граѓани од Иран, каде властите објавија досега пет смртни случаи како резултат на заразната болест.


Администратор
23/02/2020 11:39