Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска оствари средба со амбасадорката на Велика Британија во земјава, Рејчел Галовеј и нејзините соработници.

Во изјавата што ја даде по средбата, амбасадорката Галовеј истакна дека првпат е во Струмица и таа е прва од општините што ги посетува, додавајќи дека за време на престојот во градот ќе присуствува и на други настани и проекти кои се реализираат со помош на Британската амбасада.

На средбата со струмичкиот градоначалникот, на којашто присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски и секретарот на Општината Александар Оџаков, се разговараше на повеќе актуелни теми и беа презентираа капацитетите и можностите за развој на Општина Струмица, а заеднички беше потврдена заложбата за унапредување на соработката во повеќе области.


Администратор
20/02/2020 16:27