По повторената и овој пат успешна тендерска постапка на јавниот повик е создадена можност за почеток на реконструкцијата на мостот на Конска река, на влезот во селото Моин, соопштија денеска од Општина Гевгелија.

-Со години по ред мостот поради неговата дотраеност, несоодветната и инцидентна санација, претставуваше закана за населеното место. При обилни дождови на неколку пати во минатото се излеваше водата на Конска река која целосно ја прекинуваше сообраќајната комуникација со селото и токму поради тоа,на барање од граѓаните, реконструкцијата на мостот доби приоритет во Програмата за локални патишта, посочија од општината.

Реализацијата на проектот почна пред истекот на минатата година,но мораше да биде прекината поради неуспешната прва тендерска постапка на јавниот повик.

Гевгелиската градежна компанија „Еуроинг“ е изведувач на реконструкцијата на мостот, која ќе чини повеќе од 2 милиони денари.


Администратор
20/02/2020 14:32