Фудбалерите на Ливерпул вчера потешко од очекувањата стигнаа до 25-та победа во сезоната во Премиерлигата. Како суверено доминантни во англиската сцена и како лидери на табелата, „црвените“ со само гол ги понесоа трите бода од тревникот на фенерџијата.

Конечни 1:0 против Норич за 17-ти триумф во низа. Стрелец на единствениот погодок на „Кероу Роуд“ беше резервистот Садио Мане во 78-та минута.

Во наредното коло, Ливерпул ќе биде домаќин на Вест Хем додека Норич ќе патува кај Вулверхемптон.

Премиерлигата денеска нуди два меча. Од 15 часот во Бирмингам, Астон Вила ќе игра со Тотенхем, а од 17.30 часот, Арсенал ќе го дочека Њукасл. Рундата ја затвораат Челзи и Манчестер јунајтед утре од 21 часот.


Администратор
16/02/2020 10:40