Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер, кој се врати во студио по пауза од пет години, нагласува дека ова враќање не му било лесно.

– Се соочував со многу стравови. Се плашев околу тоа за што да говорам, и како тоа другите ќе го протолкуваат… Почнав да се споредувам и со други уметници, рече пејачот за „Епл мјузик“.

Бибер денеска го издава албумот „Changes”, прв од 2015 годинa. Тој лани се венча со манекенката Хејли Болдвин, а претходно страдаше од депресија, се рехабилитираше од дрога и од лајмска болест.

Поп-ѕвездата досега има објавено четири албум – „Мy Wоrld 2.0″, „Under the Mistletoe”, „Believe” и „Purpose”. Добитник е на повеќе Греми музички награди.


Администратор
14/02/2020 11:02