Јапонското возило Нисан Леаф со помош на осум ласерски читачи, седум камери, радар и шест контролни единица, а без возач возеше покрај останатите учесници во сообраќајот, и така мина 370 километри.

Тоа е најдолгото и најкомплексно патување во Велика Британија досега, во време кога трката за развој на самоуправувачки возила во автомобилската индустрија е во полн ек.

Земјата се обидува да земе „дел од колачот“ во оваа индустрија за која се проценува дека до 2035 година ќе вреди 1,2 билиони долари.

Приближно 370-километарското патување започна во европскиот технолошки центар на Нисан во Кранфилд во јужна Англија. Патот заврши во Сандерленд, на североистокот.

– Останатите возачи одоколу не забележуваа дека автомобилот всушност е целосно самоуправувачки, забележа Дејвид Мос, одговорен за истражувањата и развојот на Нисан во Европа.

– Возилото поради бројот на сензори кои непрекинато наѕираа што сè се случува околу него, може да бидат замена за човек возач, додава тој.

Проектот на Нисан наречен „Хјуман драјв“ прими средства од британската Влада, откако доби дозвола за вакви возења оттаму.


Администратор
06/02/2020 19:02