Откако Уставниот суд го отфрли поднесокот на Светскиот македонски конгрес за 27 април и не поведе постапка по иницијативата поднесена од нив, а собраниската амнестија за истото одлучи да не ја ни чепка, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи. Реагираше и самиот претседател на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров.

-Разочарани сме од одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка по оваа иницијатива, од, за нас, неразбирливо образложение како многу пати досега за важни прашања за правата и слободите, правдата и демократијата во Македонија. Со тоа Уставниот суд покажува дека претставува еден од генераторите на уставна криза, ёаради тоа што наместо заштита врши суспензија на правата и слободите, и на внатрешниот уставен поредок на земјата. Неспорно е дека Собранието дава амнестија, но со законот се врши селекција на лицата за амнестија, коментира за Алфа претседателот на СМК, Петров.