Ватикан денеска побара од ирачкиот претседател Бархам Салих да ја гарантира безбедноста на христијаните во таа земја.

За време на својата втора посета на Ватикан, Салих имаше прием кај папата Франциск.

Кабинетот на Салих соопшти дека тој разговарал со папата за негова посета на Ирак. Во соопштението уште се посочува дека на средбата било констатирано дека мирен соживот на муслиманите и христијаните е единствен начин да се искорени екстремизмот.

Светата Столица информираше дека на средбите на претставници на Ватикан со ирачкиот претседател биле фокусирале на промовирање на мирот и безбедноста во Ирак, особено за христијанските малцинства, од кои многумина избегале од места кои датираат од времето на Христос за да избегнат прогон од милитантите на Исламска држава.


Администратор
25/01/2020 23:22