Кинескиот град Вухан, кој е во изолација како резултат на појавата на смртоносен коронавирус, ќе изгради и втора наменска болница за лекување на пациенти со оваа инфекција.

Изградбата на болницата со 1.300 кревети треба да заврши за половина месец.

Завчера почна изградбата на првата наменска болница, со цел да биде завршена најдоцна до 3 февруари.

Засега е потврдено дека има 41 жртва од тој вирус во Кина од 24 јануари, и дека се заболени 1.287 луѓе.


Администратор
25/01/2020 17:22