Еден Азар наскоро би можел да биде во комбинација за првиот тим на Реал Мадрид. Белгиецот во текот на ов аа недела се врати на тренинзите во „кралскиот клуб“ по санација на повредата на скочниот зглоб што претставува одлична вест за тренерот Зинедин Зидан.

Азар во прво време ќе тренира индивидуално, а шпанските медиуми пишуваат дека тој паралелно работи и во теретана. За неговиот кам-бек во првиот тим на „кралевите“ се лицитира со два датума – 1 февруари и гостување на Реал М. кај градскиот ривал Атлетико и 26 февруари против Манчестер сити во Лигата на шампиони.

За настапот на „Ванда Метрополитано“ се шпекулира дека би можел да влезе во игра од клупата додека против „граѓаните“ се очекува да биде подготвен за сите 90 минути. Азар се повреди во натпреварот со ПСЖ во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.


Администратор
25/01/2020 15:19