Четворица мигранти од Авганистан ноќеска се откриени на граничниот премин Табановце во вагон на товарен воз кој сообраќал кон Унгарија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска во 00,05 часот на Граничниот премин Табановце-железнички вработени во МЖ-Транспорт пријавиле дека на излез од Р.С.Македонија во товарен воз кој сообраќал на релација Р.Грција-Р.Унгарија забележале тропање во некој од контејнерите. Откако биле отстранети пломбите во еден од вагоните натоварен со контејнер биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан: А.Б.К.(20), O.M.(30), A.З.(19) и С.И.(33).

Мигрантите се однесени во транзитниот камп Табановце за понатамошна постапка.


Администратор
25/01/2020 14:06