Македонските ракометари ги дели само еден бараж двомеч за пласман на Светското првенство во Египет во 2021 година. Европската ракометна федерација (ЕХФ) попледнево го објави квалификацискиот формат за мундијалот што оди во полза на „црвено-жолтите“.

Квалификациите ќе почнат во април во четири бараж двојки што ќе бидат формирани со жрепка. Во нив ќе учествуваат Русија, БиХ, Летонија и Полска како најслабо пласирани селекции од ЕП 2020 и Романија, Турција, Израел и Литванија кои успешно ги минаа претквалификациите.

Подобрите од четирите пресметки ќе продолжат во јуни на финално одмерување на силите за СП 2021.


Администратор
25/01/2020 00:48