Случаите на новиот коронавирус веројатно ќе продолжат да растат во Кина и премногу е рано да се процени неговата сериозност, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ.

– Фокусот не е толку многу на бројот на случаи, за кои знаеме дека ќе се зголемат, рече Јашаревиќ.

Тој посочи дека кинеските власти досега официјално пријавија 830 заразени и 25 смртни случаи.

– Се уште е рано да се оцени колку вирусот е сериозен, рече Јашаревиќ.

СЗО и нејзината мрежа на експерти ги разгледуваат третманите за вакцини против вирусот МЕРС како можна употреба за новиот коронавирус.


Администратор
24/01/2020 14:33