Лука Дончиќ ќе го направи своето деби на „Ол-стар“ натпреварот како стартер.

Минатата година словенечката сензација доби голем број гласови од фановите, но други фактори – гласовите на медиумите и играчите го натераа тој да не учествува во шоуто. Сепак, неговиот феноменален настап досега оваа сезона му донесе место меѓу останатите ѕвезди на НБА.

Дваесет-годишниот Европеец е меѓу стартерите на Западната конференција, меѓу кои е и Леброн Џејмс, кој ќе биде капитен, Ентони Дејвис, Каваи Леонард и Џејмс Харден. Дончиќ и Харден ќе ги претставуваат Далас и Хјустон, соодветно, додека другите тројца ќе ја бранат честа на Лос Анџелес – Лејкерс (Џејмс и Дејвис) и Клиперс (Ленард), соодветно.

Како и Џејмс, на Исток втора година по ред, Jанис Адетокумбо ќе биде капитен. Грчкото крило во Милвоки освои најмногу гласови во конференцијата, со тоа што му се приклучија Паскал Сикам (Торонто), Треј Јанг (Атланта), Кемба Вокер (Бостон) и Џоел Амбибид (Филаделфија). Сикам и Јанг се дебитанти во натпреварот, исто како Дончиќ.

Чикаго оваа година е домаќин на „Викендот на ѕвездите“. Програмата во „Јунајтед Центар“ започнува на 14-ти февруари (петок) и завршува во недела, на 16 февруари.


Администратор
24/01/2020 14:30