Во Пекинг денеска е прогласено највисоко ниво на закана по здравјето поради ширењето на коронавирусот, изјави претседателот на Здравствената комисија на Пекинг, Ли Хаичао.

Тој истакна дека Градот ќе преземе итни мерки заради контрола на ширењето на вирусот.

Како што пренуваат странските агенции, некои делови на Кинескиот ѕид утре ќе бидат затворени за посетители со цел да се спречи ширење на вирусот. Исто така, затворен е и Забранетиот град. Пекинг ги откажа и сите јавни настани за кинеската Нова година.

Во Пекинг има 29 лица заразени со овој вирус, а еден пациент е во сериозна, но стабилна состојба.

Според последните податоци, од вирусот се заразени 849 луѓе, најмногу во кинескиот град Вухан, каде се појави епидемијата, а 26 лица починаа.


Администратор
24/01/2020 13:27