Режимот на Заев е недемократски, хибриден и коруптивен.

Режимот на Заев е антимакедонски.

Криминално рекетарската влада на СДСМ и Зоран Заев ја довлечка државата на дното на Европа и Светот според индексот на корупција.

На листата на Транспаренси Интернешнал, Македонија се најде на 106 место во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска, податок кој говори дека власта предводена од аболицираниот Заев и неговиот наследни Оливер Спасовски штити криминал и тоне во корупција на највисоко ниво.

Македонија бележи фрапантен пад за 13 места според Индексот на корупција, што дополнително го потврдува фактот дека проблемот со криминалот, корупцијата, рекетирањето ескалира, а институциите не реагираат под притисок на власта.

Според угледното списание „Економист“ Република Македонија е оценета како хибриден режим што претставува исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава.

Македонија е земја во која кршењето на законите, селективната правда, узурпирањето на институциите стануваат редовен декор.

Затоа инвеститорите бегаат, а економијата тоне. Затоа Македонија е земја од регионот со најнизок раст на платите за 2019 година, а според Евростат дури 36,9 проценти од домаќинствата имале проблеми со навремено плаќање на режиски сметки во изминатите 12 месеци.

Додека граѓаните стануваат се посиромашни, високите функционери од власта си делат милионски тендери на криминален начин.

Македонија мора да се справи со корупцијата. Недопирливоста на одговорните за корупција е секојдневие кое треба да се искорени, а синџирот на корумпираност во високите кругови на власта на СДСМ мора да се прекине.

На 12-ти април доаѓа обнова на Македонија. По 12-ти април следува одговорност. Заев и СДСМ – никогаш повеќе.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
24/01/2020 11:49