Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа за Предлог-законот за урбанистичко планирање, кој е во второ читање, а на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се предлог-измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог-измените на Законот за јавни собири, двата во второ читање.

Двата закона за кои ќе расправа денеска Комисијата за одбрана и безбедност се ставени на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.


Администратор
24/01/2020 11:08