Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе го презентира третиот јавен повик за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта „Предизвик за млади истражувачи 3“.

Јавниот повик се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, а е наменет за учениците од основните и средните училишта со цел да се поттикнат на креативно и критичко размислување и да се развие истражувачкиот и претприемачкиот дух уште од најрана возраст.