Израелскиот кошаркарски шампион Макаби Тел Авив го привлече 37-годишниот Амари Стадемаер. Ветеранот, висок 208 сантиметри ќе игра по трет пат во израелското првенство, а неговите претходни два претстои беа како дел од Апоел Ерусалим. Стадемаер, шесткратен учесник во „Ол-Стар“ натпреварот на НБА, за последен пат играше за кинески Фуџијан.

Во НБА лигата ги носеше дресовите на Феникс Санс, Њујорк Никс, Далас Маверикс и Мајами Хит, како дел од најсилното првенство помеѓу 2002 и 2016 година.

Во тимот на Макаби, кој се бори да се натпреварува во плеј-офот во Евролигата, Стадамаер ќе биде соиграч со други поранешни играчи на НБА лигата, како што се Омри Каспи, Квинси Аси, Тарик Блек, Нејт Волтерс, Арон Џексон и Тајлер Дорси.

Тимот на Макаби е шесткратен освојувач во Евролигата, 53-кратен шампион на Израел и 44-кратен победник во Купот.


Администратор
23/01/2020 00:26